За Шевченко, опстанокот на Џенова во Серија А ќе биде како освојување на Лигата на шампиони
Андриј Шевченко кој дебитираше на клупата на Џенова со пораз од Рома со 0:2, после натпреварот изјави дека опстанокот на Џенова во Серија А ќе биде еднакво на освојувањето на Лигата на шампиони.
„Имаме доста проблеми со повредени играчи. Против Рома прикажавме карактер, држевме добро темпо но немавме сили за повеќе од тоа. Битно е тоа што играчите го дадоа својот максимум на теренот. Благодарам за одличниот прием од навивачите на стадионот и нивната поддршка кон тимот. До крајот на првенството имаме тешки натпревари и доколку останеме во Серија А тоа ќе биде успех како освојување на ЛШ“, рече Шевченко.