Зверев ги нападна челниците на АТП заради лудите термини во Мадрид

Германецот Александар Зверев беше убедливо поразен од Карлос Алкараз во финалето на Мастерсот во Мадрид (6-3, 6-1), а за лошото издание ги обвини АТП и распоредот на натпреварите.

Зверев, да потсетиме, во неделата околу 1 часот по полноќ го заврши полуфиналниот дуел со Стефанос Циципас, а ноќта претходно, до по полноќ, траеше дуелот со Феликс Оже-Алијасим.

„Морам да кажам дека работата на АТП оваа недела беше апсолутен срам. Пред два дена си легнав во 4:00, 4:30 наутро. Вчера си легнав во 5 часот наутро“, беше лут Зверев на прес-конференцијата.

И покрај се, Германецот признава дека можеби и во идеални услови нема да го победи 19-годишниот Шпанец, но верува дека би обезбедил подобро издание.