Зверев го оперираше скочниот зглоб
Германскиот тенисер Александар Зверев објави дека го оперирал скочниот зглоб. Да потсетиме, тој се повреди на Ролан Гарос на дуелот против Рафаел Надал.
„Секој од нас има свој пат во животот. Ова е дел од мене. Следната недела за прв пат ќе бидам број 2 во светот, но утрово морав да одам на операција.
По дополнителен преглед во Германија е потврдено дека се скинати сите три странични лигаменти на десниот скочен зглоб. Операцијата беше најдоброто решение за што поскоро враќање на натпреварите, правилно заздравување на сите лигаменти и целосно враќање на стабилноста на глуждот“, објави Зверев.