Зверев: Очекувам гренд слем титула и прво место на АТП

Германскиот тенисер Александар Зверев во медиумите ги кажа своите цели и очекувања за 2022 година.

Тој се надева дека во годината што следи ќе ја освои првата грен слем титула во кариерата и дека ќе стане најдобар тенисер на АТП листата.

Зверев во моментов е трет тенисер на светот. Пред него се Русинот Медведев и Новак Џоковиќ. Германецот во сезоната што измина освои 6 титули меѓу кои е и златото на Олимписките игри во Токио.

„Не сум истиот играч од пред неколку години. Созреав и научив да се носам со тешкотиите со што станав и подобар тенисер. Имам две цели кои ги немам остварено, освојување на грен слем и прво место на АТП листата. Се надевам дека тоа ќе го остварам веќе во Австралија. Ако сам не веруваш во себе, тогаш кој друг ќе верува“, изјави Зверев.