Зверев прв полуфиналист на Австралија опен

Германскиот тенисер Александар Зверев рано утрово го победи Американецот Лернер Тиен во четвртфиналниот натпревар на Австралија опен со 6-3, 6-7 (5-7), 6-1 и 7-6 (7-3).

Мечот траеше 3 часа и 13 минути.

Зверев сервираше 24 аса, направи една двојна грешка и реализираше три од осум брејк топки. Тиен сервираше 11 аса, направи девет двојни грешки и не реализираше ниту една од три брејк топки.

Германецот стана првиот полуфиналист на Австралија опен. Во следната рунда, тој ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Карлос Алкараз (Шпанија) и Алекс Де Минаур (Австралија).

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 74,9 милиони долари.