Зголемен наградниот фонд: Учесниците во ЛШ ќе поделат две милијарди евра

Европската фудбалска куќа ( УЕФА ) го објави наградниот фонд за натпреварувањата кои се под нејзина организација за сезоната 2022/23.

Вкупната сума е 3,5 милијарди евра, од кои 465 милиони евра ќе добијат учесниците во Лига Европа, а 235 милиони евра клубовите кои играат во Конференциската лига.

Традиционално најголема добивка ќе имаат клубовите учесници во Лигата на шампионите. Вкупната сума е 2,032 милијарди евра. Клубовите кои ќе застанат на чекор пред главната ждрепка и ќе бидат елиминирани во плеј-оф рундата од квалификациите ќе добијат 5 милиони евра. Клубовите кои ќе бидат дел од групната фаза на турнирот ќе добијат 15,64 милиони евра.

За секоја победа во групата клубовите ќе заработат 2,8 милиони евра, за нерешено – 930 илјади евра.Пласманот во 1/8 финалето од Лигата на шампионите на учесникот ќе му донесе 9,6 милиони евра, во четвртфиналето 10,6 милиони евра. , во полуфиналето – 12,5 милиони евра, финалистите ќе добијат 15,5 милиони евра. Победникот на ЛШ на крајот ќе добие дополнителни 4,5 милиони евра.

Исто така и натпреварот за Суперкупот на УЕФА им носи на двата учесника по 3,5 милиони евра, а победникот 1 милион евра дополнително.