Зенит го врати ветеранот Швед во руската Премиер лига

Рускиот кошаркар Алексеј Швед се враќа во европската кошарка по авантурата во кинескиот клуб Шанши Лунгс откако Зенит го потврди потписот на 36-годишникот на договор кој важи до крајот на сезоната 2024/2025.
Кошаркарот својата професионална кариера ја започна во 2006 година и во текот на истата постигна бројни успеси. Тој е освојувач на Евролигата, два пати најдобар стрелец во тоа натпреварување, МВП на Еврокупот и бронзен олимписки медалист со руската репрезентација.