Зенит по осми пат првак на руската Премиер лига

Зенит стана шампион на Русија, откако вчера го совлада Локомотив Москва во 28. коло од руската Премиер лига со фантастични 6-1. Ова е 8-ма шампионска титула за тимот од Ст. Петерсбург. „Сино- белите“ го освоија рускиот шампионат седум пати, а исто така на своето конто имаат една шампионска титучла во поранешниот Советски Сојуз, од 1984 година. Тимот од „Газпром Арена“, по третпат, ја освои шампионската титула под водство на главниот тренер Сергеј Семак.