Зидан го напушта Мадрид, познат и неговиот наследник

Францускиот фудбалски стратег кој со Реал Мадрид освои три титули во низа во Лигата на шампионите, Зинедин Зидан дефинитивно нема да биде на чело на „кралевите“ во новата сезона. Зидан го напушти клубот по втор пат во својата кариера како тренер, откако не успеале да се договорат со Перез по однос на продолжувањето на соработката. На Зидан му пречеле повеќе работи во клубот кој не ги исполни неговите очекувања во последните шест месеци. Неофицијално, Перез веќе има вербален договор со Антонио Конте, кој го раскина договорот со Интер. Во игра за позицијата на Зидан беше и Масимилијано Алегри.