Зидан му честита на Атлетико и најави неизвесност за својата иднина
Зинедин Зидан беше максимално задоволен од залагањето на неговите фудбалери до последната минута во Ла Лига, а истовремено немаше проблем да му честита на Атлетико Мадри за освоената титула во домашното првенство по пауза од седум години. „Сакам да им се заблагодарам на нашите фанови кои правеа да чувствуваме поддршка и покрај тоа што беа далеку од нас. Сите навивачи можат да бидат горди на овие фудбалери бидејќи дадоа се од себе. Му честитам на цел тим, победивме и на овој меч, без оглед на тоа што не ја освоивме титулата. Мора да му се честита на Атлетико. Оној што е на врвот по 38 кола, заслужува да биде таму. Сепак, за мене најважни се моите фудбалери, покажаа борба до последна минута и горд сум на нив. Има време пред нас, сега смирено ќе разговарам со одговорните лица во клубот“, смета Французинот.