Зидан не коментира, фановите на Реал бесни на судиите
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одлучи да не ја коментира ситуацијата од првото полувреме, конкретно моментот кога Хернандез можеше многу лесно да досуди пенал за „кралевите“.
„Не сакам да коментирам. Знаеме дека на судиите им е тешко и треба да ги почитуваме нивните одлуки. Не можеме сите да зборуваме за тоа, одговорноста е на тој кој ја носи одлуката“, вели Зидан.
За разлика од него, навивачите на Реал Мадрид на социјалните мрежи имаа гневни испади кон судијата и прашуваа зошто не досудил пенал.