Зидан повика фудбалер од Лига 2 во националниот тим

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, направи вистинско изненадување со дополнителното име кое го придодаде во својот список, откако реши да повика фудбалер кој се натпреварува во второлигашка конкуренција.

Сел Кумбеди е млад 21-годишен десен бек кој настапува за Волфсбург во втората германска Бундеслига, а иако беше повикан да биде дел од У-21 тимот на Франција, денеска доби дополнителен повик за да го замени повредениот дефанзивец на Јувентус, Пјер Калулу.

Кумбеди е првиот второлигашки фудбалер кој добива повик за најсилната француска репрезентација по пауза од речиси две децении, бидејќи последен пат такво нешто се случило во 2007-ма година со повиците кои ги добија Давид Трезеге и Жан-Ален Бумсонг.