Зидан се сели кај Бекам?!

Младиот Енцо Зидан, син на славниот Зинедин Зидан својата среќа ќе ја побара преку океанот.
Играчот за врска од октомври минатата година е слободен фудбалер, Алмерија се одлучи да не го продолжи договорот со Зидан Јуниор.
Енцо својата кариера ја започна во младинскиот погон на Јувентус, во 2012. година се пресели во младиот тим на Реал Мадрид, каде се задржа пет сезони, а потоа следеше трансфер во Алавес. Настапуваше и за Лозана, Авеш и Алмерија, па се чини дека дојде време за преселба во МЛС, а ЕСПН пренесува дека Интер Мајами го доведе Енцо на проба.
Најмладиот тим во МЛС е проект на Дејвид Бекам, па останува да видиме дали Енцо ќе успее кај некогашниот соиграч на неговиот татко.