Зидан спремен да се врати во Јувентус?

После скоро три години откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажува сериозна намера да се врати на тренерската работа.
Луѓе блиски до Французинот тврдат дека тој е одлучен во намерата да се врати и веќе го избрал новиот клуб. Станува збор за Јувентус, клуб каде Зидан ја доживеа својата афирмација и играше од 1996 до 2001 година.
Зидан сака во Јувентус да го направи тоа што го направи со Реал и да успее да освојува трофеи и како тренер, откако своевремено тоа го правеше како играч.
Јувентус е спремен на лето да направи тренерска смена, а прв избор за „старата дама“ е токму Зидан.