Зидан фаворит за наследник на Манчини на саудиската клупа

Според медиумите, Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија ја разгледува можноста како да го „привлече“ Зидан во националниот тим, откако веќе извесно време се шпекулира дека договорот на Манчини, кој е со важност до јануари 2027 година, ќе биде раскинат.
Манчини се најде под жесток притисок и критики по неодамнешниот пораз на Саудиска Арабија од Јапонија од 2-0, проследен со ремито 0-0 против Бахреин, во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Зидан е без тренерски ангажман откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година, а планот на Саудијците да го провлечат да седне на селекторската клупа, сепак, ќе биде тешко изводлив, пишува весникот Фигаро, наведувајќи оти „Зизу“ подолг период учтиво ги одбива сите понуди и живее тивко надвор од светот на фудбалот.