Зидан ја изјави својата желба да ја води француската репрезентација

На неодамнешен настан организиран од „Adidas“ во Париз, Зинедин Зидан ја изрази својата силна желба да стане селектор на француската репрезентација после Светското Првенство во 2026 година. 52-годишната фудбалска легенда изјави: „Се чувствувам квалификуван за францускиот тим, каде што поминав една деценија како играч. Се разбира, тоа е сон. Едвај чекам.“ 

Дидие Дешамп, кој ја води Франција од 2012 година, објави дека ќе се повлече по следното Светското. Под негово водство, Франција го освои Светското во 2018 година. Заминувањето на Дешамп отвора можност за Зидан, негов поранешен соиграч, да ја преземе улогата. 

Зидан е без тренерска позиција откако замина од Реал Мадрид во 2021 година. За време на неговиот мандат во Мадрид, постигна извонреден успех, освојувајќи три последователни титули во Лигата на Шампионите и две титули во Ла Лига. Неговиот импресивен тренерски рекорд го прави силен кандидат за водство на „Les Bleus“ 

И покрај понудите од врвни клубови како ПСЖ и Манчестер Јунајтед, Зидан остана трпелив, чекајќи ја вистинската можност. Претходно изјави дека би се вратил на тренерската позиција само за две улоги: селектор на француската репрезентација или тренер на Реал Мадрид. Со заминувањето на Дешамп на повидок, долгогодишниот сон на Зидан можеби наскоро ќе стане реалност.