Зидан ќе го преземе Јуве ако Дешамп остане француски селектор

Зинедин Зидан е спремен да го прекине одморот и повторно да седне на клупата.

Веќе подолго време се шпекулира дека го чека заминувањето на Дидие Дешамп за да стане селектор на француската репрезентација, па поради тоа ги одби понудите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Доколку Дешамп остане на селекторското место како што се најавите, Зидан ќе се врати на фудбалот, па веќе испратил сигнали дека сака клупски ангажман, а негова прва желба е Јувентус.

Зизу својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во италијанскиот гигант, а и Јувентус никогаш не ја криел желбата еден ден да го види Французинот на кормилото.

Алегри сигурно ќе остане на клупата до крајот на сезоната, а на лето се очекуваат големи промени во клубот и голема е веројатноста Зидан да ја преземе „старата дама“.