Златан постигна два гола, па објави слика во автомобил вреден два милиони долари
Милан со по два погодоци на Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ го декласираше Кротоне со 4:0 и се врати на врвот на Серија А. Првите два гола на натпреварот беа дело на шведскиот ветеран, кој во октомври годинава ќе наполни 40 години.
Ибрахимовиќ го постигна првиот гол на овој натпревар со кој го забележа својот 500. клупски погодок во кареирата, а вториот погодок за зголемување на резултатот на 2:0 дојде во второто полувреме по асистенција на Хернандез.
Златан сега има постигнато 501 погодок во својата кариера, распоредени во 22 различни сезони за девет различни клубови.
Започна во 1999. година во Малме, каде беше стрелец 18 пати, потоа 48 пати поентираше за Ајакс, 26 за Јувентус, 66 за интер, 22 за Барселона, 56 во текот на неговата прва епизона во Милан, 156 за ПСЖ, 29 за Манчестер Јунајтед, 53 за ЛА Галакси, а сега има 27 погодоци по враќањето во Милан.
По натпреварот, Ибрахимовиќ објави фотографија во своето Ферари Монца СП2, вредно околу 2 милиони долари испраќајќи јасна порака.
„На пат кон целта.“ – напиша Ибрахимовиќ.