Златан се враќа во шведската репрезентација на 41 година
Златан Ибрахимовиќ се опорави од тешката повреда, па се врати на
тренинзите, а наскоро би можел да добие први минути за Милан во
Серија А, во новата 2023 година.
Но и покрај тоа што тој е во длабоки години, Ибрахимовиќ како да
сака да покаже дека годините за него се само обични бројки.
Легендарниот шведски интернационалец, се уште има амбиции да
игра за националниот дрес на Шведска, а селекторот тврди дека
годините за Ибра се само бројка.
„Се слушнавме неодамна, во добри односи сме. Ако успее да заздрави
целонсо, веројатно ќе биде опција за нас во нападот. Годините не се
важни, не се грижам за неговата форма, одличен е. Многу
допринесува кога е во соблекувалната со нас, ги фасцинира младите
играчи со присуството“, истакна Андерсон.