Златната топка заврши во рацете на Карим Бензема
Францускиот фудбалер Карим Бензема и официјално е добитник на Златната топка, награда која ја доделува Франс фудбал за најдобриот играч во светот.
Напаѓачот на Реал Мадрид сосема заслужено ја доби наградата после освојувањето на Лигата на шампионите и Ла Лига, при што постигна 44 гола од кои 14 во ЛШ.
Бензема е петтиот Французин кој го добил ова признание, прв после Зинедин Зидан во 1998.година.
Второто место според гласовите му припадна на Роберт Левандовски, а трет беше Садио Мане.
Наградата Копа за најдобар млад фудбалер му припадна на Пабло Гави од Барселона, а награда Лав Јашин за најдобар голман ја доби Куртоа од Реал Мадрид.
Најдобар голгетер и наградата Герд Милер му беше доделена на Роберт Левандовски. Фудбалерот Садио Мане го доби признанието Сократес за неговата хуманитарна работа, а најдобра фудбалерка втора година по ред е избрана Алексија Путељас од Барселона.
За најдобар фудбалски клуб е прогласен Манчестер Сити, пред Ливерпул и Реал Мадрид.