Златните копачки на Бекам продадени за 17.000 евра
Копачките со златна боја кои Дејвид Бекам ги носеше на 100. настап за репрезентацијата на Англија се продадени на аукција за 17.360 фунти. Овие копачки беа еден од 1.000 спортски предмети кои се продадоа во аукцијата куќа во Велингтонборо. Бекам ги носеше копачките на Европското првенство против Франција во 2008 година во Париз.
Аукционерот Адам Гаскоњ истакна дека цената покажува колку бил омилен Бекам како играч. На копачките се извезени имињата на трите деца кои ги имаше Бекам во тоа време: Бруклин, Ромео и Круз.
„Овие копачки беа направени за специјална прилика. Означуваат важна пресвртница за толку голем и легендарен играч на Англија и затоа се многу посебни“, истакна Гаскоњ.
Тој додаде дека копачките претходно биле изложени на Академијата Дејвид Бекам.