Знаете ли кој е најмладиот, а кој најстариот играч кој настапил на ЕУРО?

Европското првенство започнува во петок со натпреварот помеѓу Италија и Турска, а на тој натпревар никој нема да го сруши рекордот на Габор Кирали, унгарскиот голман кој е најстар играч кој настапил на Европско првенство.

Кирали имаше 40 години и 86 дена кога во 2016. година заигра за Унгарија во натпреварот од осминафиналето на ЕП против Белгија. Кирали го прескокна легендарниот Лотар Матеус, кој го држеше рекордот со 39 години и 91 ден, кога заигра за Германија против Португалија на ЕП 2000.

Најстариот играч кој може да се пофали со титула европски шампион е Португалец. Тоа е Рикардо Карваљо, кој во 2016. година имаше 38 години и 53 дена кога Португалија во финалето ја победи Франција со 1:0.

Најстариот играч кој постигнал погодок на некое Европско првенство е Хрватот со австриски пасош, Ивица Вастич. Тој постигна погодок во 2008. година за Австрија против Полска со 38 години и 257 дена.

Најмладиот играч пак, кој настапил на Европско првенство е Холанѓанецот Џетро Вилемс, кој имаше 18 години и 71 ден кога настапи за Холандија против Данска на ЕП во Полска и Украина.

Најмлад стрелец на европските првенства е Швајцарецот Јохан Фонлантен, кој на ЕП 2004. во натпревар против Франција постигна погодок со 18 години и 141 ден.