Зомер продаден, Нојер повреден – Баерн без голман во новата сезона
Баерн по само половина година реши да го продаде Јан Зомер, кој вчера и официјално потпиша за Интер, но веќе денеска во Минхен се чешаат по глава поради ваквата одлука бидејќи добија многу лоши вести од лекарскиот тим.
Свен Улрајх ќе биде првиот голман на Баерн до закрепнувањето на Нојер, а од минхенскиот клуб беа сигурни дека ќе бидат потребни само неколку недели, но информацијата која утрово ја доби од лекарскиот тим силно ги погоди.
Билд пишува дека веќе денеска Баерн жали што го продал Сомер бидејќи добил информација дека Нојер нема да се врати на теренот така брзо бидејќи искусниот голман има нови проблеми со коленото.
Нојер мора да оди на операција, а Баерн веруваше дека ќе се врати на теренот за неколку недели, но лекарите рекоа дека закрепнувањето ќе трае неколку месеци и според се, Нојер ќе може да се врати на головите дури на почетокот на следната година.