Зомер: Секогаш верувавме во сопствените можности
Голманот на Швајцарија кој беше јунак на осминафиналниот натпревар со Франција, Јан Зомер ја имаше можби својата најголема фудбалска вечер откако го одбрани решавачкиот петти пенал на Килијан Мбапе и го однесе неговиот тим во четвртфиналето на Евро 2020.
Голманот објасни дека никој од неговите соиграчи не се предал откако во еден момент Франција водеше со 3-1, напротив веруваа во себе и успеаа да го израмнат резултатот на 3-3.
„Каков натпревар, каква фудбалска вечер. Конечно добивме шанса да го играме во четвртфиналето. Неверојатно е е се ова што се случуваше вечерва. Игравме со срце и горд сум на овој тим. Верувавме до последниот, па дури и кога бевме два гола зад светските шампиони. Ние секогаш играме до последната минута и никогаш не се предаваме“, рече Зомер.