Зубац доби нов договор со ЛА Клиперси

Хрватскиот кошаркар Ивица Зубац потпиша нов договор со екипата на ЛА Клиперс и ќе игра во оваа екипа до 2028 година.

Новата соработка предвидува заработка од дури 70 милиони евра, а најголем дел од оваа сума ќе легнат на неговата сметка во последните три сезони од договорот (58 милиони евра).

Договорот за Ивица Зубац доаѓа во време кога за него беа заинтересирани повеќе клубови, но Хрватот реши да остане во САД и да ја продолжи авантурата во НБА лигата.