Зубименди е сонот на Тен Хаг за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед сака да го засили тимот во летниот предоден рок, а приоритет е квалитетен играч за врска.
Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на „црвените ѓаволи“ е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.
Зубименди е голема желба уште на Арсенал, но Манчестер Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и работи на трансферот.
Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но сега е спремен да прифати понуда од 60 милиони евра, бидејќи самиот играч сака да направи чекор напред во кариерата.