Зубименди од Реал Сосиедад се сели на „Емирати“

Арсенал многу го засили тимот во летниот преоден рок и оваа сезона сигурно ќе биде еден од главните конкуренти за титулата во Премиер лигата.

Меѓутоа, тренерот Артета сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок и се очекува да испрати понуда од 60 милиони евра за Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Арсенал сака да создаде моќен среден ред со Деклан Рајс и Зубименди, кои би биле од големо значење и за иднината на тимот.

Зубименди е голема желба на Барселона и Манчестер Јунајтед, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и работи на трансферот.

Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но англиските медиуми пишуваат дека понудата од 60 милиони тешко ќе можат да ја одбијат.