Ибањез од Рома нов соиграч на Алиоски во Ал Ахли

Екипата на Ал Ахли за потписот на Роџер Ибањез ќе и плати на Рома околу 29 милиони евра и дополнително уште три како лесно остварливи бонуси тврдат медиумите во Италија.
Згора на тоа, „волчицата“ ќе добие и 20 проценти од наредниот трансфер на Бразилецот кој има само 24 години.
Италијанскиот тим ќе инкасира и допоплнителни 1,5 милиони евра за така наречената тренинг компензација.