Ибрахимовиќ наскоро соопштува дали ја завршува својата играчка кариера
Италијанскиот весник Газета дело Спорт објавува вест дека напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, наредната недела ќе соопшти дали ја завршува својата играчка кариера.
Останува уште само едно коло до крајот на италијанското првенство, и доколку тимот на Милан освои барем еден бод на гостувањето против Сасуоло, тогаш росонерите ќе го совојат Скудетото.
40-годишниот Ибрахимовиќ, го чека финалниот расплет во лигата за да ја донесе конечната одлука и да ја информира јавноста.
Актуелниот договор на Швеѓанецот со Милан, истекува на крајот од сезоната, и според информациите клубот нема да му понуди нов договор. Меѓутоа можно е тој да преземе некоја од раководните функции во клубот.