Ибрахимовиќ подготвен за кам-бек во тимот
Според објавите во италијанските медиуми, голгетерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, повторно тренира со екипата и се надева дека може да биде подготвен за настап против Торино во петок.
41-годишниот Швеѓанец подолг период се опоравуваше од операцијата на коленото, но сега се чини дека е повторно подготвен да му помогне на „росонерите“ во продолжението од сезоната. Златан се надева дека може да се најде барем на клупата за резервни играчи во екипата на Милан, веќе во петок и натпреварот со Торино.
Екипата предводена од тренерот Пиоли, се наоѓа во резултатска криза, и има само една победа на последните осум меча.