Ибра го пропушта стартот на сезоната во Серија А

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да го пропушти почетокот на новата сезона поради повредата на левото колено, информира „Ла Газета дело Спорт“. 39-годишниот Швеѓанец се повреди на натпреварот од 35. коло од последната сезона на италијанското првенство против Јувентус (3-0).

Клубот не сака да ризикува и ќе му даде повеќе време на играчот да закрепне. Најверојатно, тој ќе се врати на терените во септември, по пауза за репрезентативните настапи, додаваат од „Ла Газета дело Спорт“.

Во првото коло од сезоната 2021/22 во Серија А, Милан ќе се соочи со Сампдорија. Ибрахимовиќ минатата сезона одигра 27 натпревари за Милан, постигнувајќи 17 гола и три асистенции.