Ибра казнет со еден натпревар неиграње заради црвениот картон во Парма
Напаѓачот на фудбалскиот состав Милан, Златан Ибрахимовиќ, заработи казна од еден меч од страна на Дисциплинската комисија за Серија А, поради исклучувањето на средбата со Парма одиграна во изминатиот викенд. Ветеранот од Шведска дополнително ќе мора да плати и 5.000 евра. Тој ќе ја одлежи санкцијата во наредното коло во текот на викендот на мечот со Џенова. Ќе потсетиме, 39-годишниот ветеран на средбата со „млекарите“ имаше вербална расправија со главниот судија, Фабио Мареска, во 60. минута од натпреварот по што заработи црвен картон.