Ибра ризикува долга суспензија од УЕФА

Тоа што го најавија шведските медиуми пред неколку дена сега доби потврда – УЕФА отвори истрага против Златан Ибрахимовиќ.
Имено, Ибра поседува акции во онлајн обложувалница и тоа според правилата на ФИФА е строго забрането. Фудбалерите, тренерите и останатите учесници во спортот не смеат никако да се поврзуваа со обложувалници.
Наводно, Златан го прекршил правилото така што со својата компанија имал 10% од акциите во една обложувалница регистрирана во Малта.
УЕФА денес официјално започна истрага, а во случај да дојде до казна Ибрахимовиќ би можел да бисе суспендиран на три години, воедно тоа би значело крај на кариерата.