Ибра се враќа по повредата, конкурира за настап против Верона

Милан има големи проблеми со повредени фудбалери, но конечно стигна и добра вест за тренерот Пиоли.
Имено, Златан Ибрахимовиќ денес го одработи целиот тренинг со соиграчите и ќе биде спремен да се врати на терените. Оливие Жиру исто така го надмина проблемот со повредата и веќе два дена тренира со тимот, па двајцата ќе бидат спремни за дуелот со Верона во сабота.
Голманот Мањан вчера се оперираше и ќе отсуствува 10 недели од терените, додека Тео Хернандес е позитивен на Ковид и моментално е во карантин.
Калабрија и Круниќ исто така се вратија на тренинзите и ќе бидат повикани за дуелот со Верона.