Ибра ќе навива за Хрватска на Мундијалот

Легендарниот Швеѓанец зборуваше за репрезентациите што ќе ги следи на Светското првенство, а посебно внимание предизвика неговата изјава за семејните корени.
Ибрахимовиќ зборуваше за репрезентациите што ќе ги следи за време на Мундијалот, а една неговата реченица предизвика многу коментари на територијата на поранешна Југославија.
„Корените ми се од Хрватска и ќе навивам за Хрватска на Светското првенство”, порача Златан.