Ивановски избори четвртфинале на турнирот во Мадрид
Младиот македонски тенисер, Калин Ивановски ја запиша и втората победа на ИТФ фјучрс турнирот во Мадрид. 18-годишникот Ивановски го совлада домашниот натпреварувач Хавиер Молино со 2-0 во сетови (6-4, 6-2).
Мечот кој се играше во Мадрид започна изедначено, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, но Ивановски успеа да направи брејк и потоа дојде до 6-4 за водство од 1-0. Во вториот сет, македонскиот тенисер бргу дојде до предност по одземен сервис, за потоа со 6-2 само да ја потврди победата.
Македонскиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против уште еден домашен натпреварувач, Жорда Санчис, а дуелот е закаажан в петок
наутро од 10:00 часот.