Ивановски херој, Пелистер го доби вечерното дерби со Вардар во Битола
Фудбалерите на Пелистер со гол во судиското продолжение триумфираа вечерва во Битола во дербито против вечниот ривал Вардар со 1-0 во завршниот натпревар од 13 коло во Првата македонска фудбалска лигa.
Во спектакуларна атмосфера и пред бројна публика на стадионот „Петар Милошевски“, која одамна е раритет на натпреварите во македонското првенство, Пелистер до победата дојде со голот на капитенот Мирко Ивановски во втората минута од судиското продолжение.
Со вечерашниот триумф Пелистер се искачи на седмото место на табелата, а Вардар остана последнопласиран.