Иван Николов од Сондерјиске на позајмица во Вендсисел

Младиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Иван Николов во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на дански Вендсисел. Според информацијата од Данска, Николов кој е под договор со Сондерјиске до летото 2026 година, е позајмен на Вендсисел без право на откуп.

„Во Иван Николов добиваме играч од средниот ред кој ќе не засили за пролетните натпревари. Станува збор за квалитетен играч кој може да покрие неколку позиции во централниот дел на теренот, а кого го баравме откако во зимскиот преоден рок се збогувавме со неколку играчи на овие позиции“, објавија од неговиот нов клуб.

За Сондерјиске Иван Николов досега одигра 39 натпревари и постигна три гола.