Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски ја продолжи соработката со својот сегашен клуб АЕК Ларнака до јуни 2024 година.
Тричковски настапува за екипата на АЕК од 2016 година. Македонецот е капитен и најдобар стрелец на кипарскиот клуб, со вкупно постигнати 119 голови во сите натпреварувања.