Игор Тудор останува во Јувентус

Игор Тудор официјално е потврден како тренер на Јувентус и за следната сезона 2025/26. Новиот генерален директор на Јувентус, Дамиен Комоли, на прес-конференција во Алијанц Стадионот изјави: „Можам да потврдам дека Тудор ќе биде наш тренер и во следната сезона”.
Тудор, кој го презеде тимот во март 2025 година по отказот на Тијаго Мота, успешно го водеше Јувентус до квалификациите за Лигата на Шампионите, што автоматски му го продолжи договорот до 2026 година. Иако клубот имаше опција да го раскине договорот со Тудор со плаќање на казна од 1 милион евра до 31 јули 2025 година, одлучија да продолжат со него како тренер.
Комоли, со богато искуство во фудбалскиот менаџмент, го пофали Тудор, потсетувајќи се на времето кога се натпреварувал против тимот на хрватот: „Немаше многу тренери кои можеа да го одржат тој интензитет и ментална сила. Направи извонредна работа во Марсеј, нивниот интензитет и ментална сила беа извонредни таа сезона“.
Тренерот изрази желба неговата иднина да биде решена пред Светското Клупско Првенство, нагласувајќи ја професионалноста и важноста од навремена одлука. Сега, со потврда од клубот, тој ќе го води Јувентус не само на Светското Клупско Првенство, туку и во текот на целата сезона 2025/26.