Игор Тудор ќе биде нов тренер на Олимпик Марсеј

Откако сосема неочекувано францускиот вицешампион Олимпик Марсеј остана без тренерот Сампаоли кој реши да си замине од екипата, челниците на клубот веднаш реагираа и најдоа решение за тренерската позиција.

Француските медиуми пренесуваат дека за нов тренер на Олимпик Марсеј ќе биде назначен хрватскиот стручњак Игор Тудор, кој ќе потпише двегодишен договор.

Тудор во минатото има работено како тренер во екипите на Хајдук, Удинезе, Галатасарај, ПАОК, а беше и селектор на хрватската репрезентација.