Игуаин најави крај на фудбалската кариера
Поранешниот аргентински репрезентативец Гонзало Игуаин ја објави веста дека ќе стави крај на својата фудбалска кариера после завршувањето на сезоната во МЛС лигата каде настапува за Интер од Мајами.
Екипата на Интер од Мајами во моментот е на седмата позиција на табелата, а до крајот на регуларниот дел од сезоната останаа само две кола во кои клубот ќе проба да се избори за место кое води до доигрување.
Игуаин пред пристигнувањето во Интер од Мајами имаше богата играчка кариера настапувајќи за Ривер Плата, Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан и Челзи.
За аргентинската репрезентација има забележано 75 настапи на кои постигна 31 гол.