Игуаин негира дека заминува во пензија

Гонзало Игуаин, кој настапува во американската МЛС лига за екипата на Интер Мајами, ги демантираше информациите дека ќе се пензионира на крајот на оваа сезона.

„Зборовите на татко ми беа погрешно разбрани. Ова е некакво недоразбирање. Никогаш не зборував со него за пензионирање. Оваа информација нема никаква врска со реалноста, целосно сум фокусиран да играм за сегашниот клуб и да го исполнам договорот. Кога ќе дојде време да ја завршам кариерата, и да биде донесена таква одлука, јас ќе бидам единствениот кој ќе го објави тоа. Никој освен мене нема д азборува за тоа“, изјави Игуаин.

Игуаин се пресели во Интер Мајами во 2020 година. Договорот на играчот со клубот е до 2022 година. Претходно, Аргентинецот играше за Јувентус, Челзи, Милан, Наполи и Реал Мадрид.