Иднината на Лаказет во Арсенал ќе биде позната по крајот на сезоната

Тренерот на екипата на Арсенал, Микел Артета, соопшти дека иднината на напаѓачот Александар Лаказет ќе биде решена после завршувањето на оваа сезона.
30-годишниот Лаказет има договор до јуни оваа година, по што станува слободен играч. По заминувањето на Пјер-Емерик Обамејанг во јануари, тој стана главна фигура во нападот на „топчиите“ и ја презеде капитенската лента.
„Имав средба со Лаказет околу неговиот договор и решивме да разговараме за ова прашање по крајот на сезоната. Тогаш ќе знаеме каде сме, кои се нашите цели и ќе можеме заедно да одлучуваме. Сега е само јасно дека оваа одлука ќе дојде на лето, но тоа ќе се случи веднаш по нашиот последен натпревар сезонава“, изјави Артета.