Иднината на Лука Модриќ е во Интер Мајами

Лука Модриќ ова лето остана во Реал Мадрид, но повеќе не е
недопирлив во тимот на „кралевите“ и почнаа критики на негова
адреса.
Поради тоа Хрватот би можел уште во јануари да ја промени
средината, а силен интрес за него покажува Интер Мајами.
Клубот од МЛС лигата може да достави понуда веќе во јануари, кога
ќе биде последна шанса за „кралскиот клуб“ да добие трансферна
сума, бидејќи договорот на играчот истекува следното лето.
Интер Мајами ова лето донесе неколку ѕвезди во тимот како Меси,
Бускетс и Алаба, па сега го сака и Модриќ.