Иднината на Хумелс е во италијанскиот фудбал
Матс Хумелс може да ја продолжи кариерата во Серија А.
Хумелс е член на Борусија Дортмунд од 2007 година, направи
трансфер во Баерн во 2016 година, но после три сезони повторно
се врати во клубот. Неговиот договор со Борусија истекува
следниот месец и нема најави за негово продолжување, па
Хумелс ова лето ќе замине како слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти
Милан и Јувентус и да годоведат во своите редови.
Двата клуба веќе стапиле во контакт со агентот на Германецот и
наскоро спремаат понуди.