Иднината на Џејдон Санчо

Иднината на Џејдон Санчо во Челси е во фаза на разгледување. По една сезона на позајмица од Манчестер Јунајтед, Челзи треба да донесе трајна одклука.  

Иако клубот има опција да го купи Санчо за 25 милиони фунти, тие исто така имаат клаузула од 5 милиони фунти која им овозможува да го вратат назад во Јунајтед.  

Последните извештаи укажуваат дека Челзи преговара со Санчо да прифати пониска плата за да се усогласи со новата платна структура на клубот, каде што најдобрите играчи заработуваат помеѓу 65.000 и 130.000 фунти неделно . 

Постојат индикации дека Санчо може да биде заинтересиран за враќање во Борусија Дортмунд. Извештаите укажуваат дека Санчо поднел барање за трансфер до неговиот агент за да се врати во Дортмунд, клуб во кој се истакна. Меѓутоа, финансиските предизвици, вклучувајќи ги трансферните такси и платите, може да го комплицираат овој потег.