Изабела Цепак од САД ќе настапува на боречките турнири за Македонија

Младата и талентирана, Изабела Цепак, ќе ги брани боите на Македонија на претстојните меѓународни натпреварувања во борење, соопшти денеска МОК.

Таа доаѓа со одлично искуство и забележителни резултати од САД настапувајќи за средното училиште „Саут Лајон Ист“ во Мичиген. Имаше 33 победи – од кои дури 29 со туш. Нејзиниот квалитет е потврден и со бројните државни и регионални признанија.

„Со нетрпение очекувам нови предизвици и медали под македонското знаме. Ќе дадам сè од себе за да ја претставам Македонија со гордост“ – изјави Цепак