Изборот на „Златна топка“ без Роналдо и Меси по две децении

Објавени се номинациите за овогодинешната престижна награда „Златна топка“, каде за прв пат после 2003 година ги нема Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Двајцата се рекордери по бројот на освоени „Златни топки“, но оваа година не се ниту во потесниот избор на кандидати за оваа престижна награда.

Објавени се вкупно 30 имиња, а оваа година меѓу фаворитите за трофејот се Килијан Мбапе, Ерлинг Холанд, Винисиус Јуниор, Лаутаро Мартинез и Ламин Јамал.

Меѓу номинираните се уште: Хари Кејн, Адемола Лукман, Нико Вилијамс, Џуд Белингем, Антонио Рудигер, Алехандро Грималдо, Матс Хумелс, Букајо Сака, Родри, Кол Палмер, Деклан Рајс, Витиња, Вилијам Салиба, Хакан Чалханолу, Дани Олмо, Мартин Одегард, Флоријан Вирц, Дани Карвахал, Тони Крос, Артем Довбик, Гранит Џака, Рубен Дијаз, Федерико Валверде, Фил Фоуден и Емилијано Мартинез.