ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО КС ГРУПАЦИЈАТА

КС Групацијата ја одбележа 2022 година со голем број на успешно реализирани проекти, настани, промоции, родендени и организирани тим билдинзи. КС Групацијата е составена од Евротип Спортски обложувалници, Голд Слот Клуб, Агро Брод , Голд Фелициа и најновата и најмлада фирма КС Сервис која започна со работа оваа година и резултираше со огромен успех.

За најдобри вработени се избрани Александар Попчевски (Евротип Спортски обложувалници), Анета Бошкова (Голд Слот Клуб), Стеван Наумовски (Голд Фелициа) и Илија Цветановски (од дирекцијата на КС Групацијата).

Покрај наградите за најдобри вработени беа доделени и признанија за лојалност кон групацијата на Марина Милошевска, Александар Анастасовски, Љубе Биневски, Соња Дојошевска, Владо Стојановски, Иванчо Митровски, Ивона Шурбевска, Марина Николовска и Боро Стојановски.

Доделувањето на наградите за “Најдобар вработен за 2022 година” беше дел од  предновогодишна забава во Голд Фелициа со цел истакнување на вредностите и лојалноста на нашите вработени.

Признание му беше доделено и на адвокатот Милое Божиновски за неговата професионална ангажираност кон групацијата.

Плакета за лојален партнер кон КС Грпацијата му беше доделена на Никола Јошевски – генерален директор на СН Финансии .

Признанија му беа доделени на Кабаре Шоуто за најоригинални изведувачи и на најголемите групациски подржувачи на социјалните мрежи од Кавадарци раководена од менаџерот Дончо Коцев.

Со прогласувањето на „Најдобар вработен на годината“ се стимулира позитивното однесување на вработените, а она е тоа кон што се стреми оваа компанија. Во пресрет на новата 2023 заедно со нашите вработени наздравуваме за сите успеси со желба дека следи година во која сите заедно ќе ги оствариме сите свои лични, професионални, приватни и службени цели.

 За добрата атмосфера се погрижи група Фонтана заедно со специјалните гости: Бојан Стојков, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски и Татијана Стефановска.